Овој викенд започнува летното сметање на времето, кога граѓаните ќе треба да ги поместат часовниците еден час нанапред.
Промената ќе се случи во ноќта меѓу сабота и недела, на 29 март, кога во 2 часот по полноќ времето ќе се смета како 3 часот.
Со оваа промена, денот ќе стане подолг, а вечерите посветли, но граѓаните ќе „изгубат“ еден час сон.
Летното сметање на времето традиционално започнува последниот викенд во март и трае до крајот на октомври, кога повторно се враќа зимското сметање.








