Продолжениот викенд си го направи своето, големиот одлив на граѓани предизвика долгометражни колони и повеќечасовно чекање на граничните премини за излез од државава.
Најголеми гужви се на „Богородица“, а помали колони има на „Меџитлија“ кај Битола. Чекањето за влез во Грција трае со часови.
Слично е и во Дојран, кој се користи како алтернативен премин. Колони има и на „Меџитлија“ кај Битола, но се помали.
За оние кои допрва планираат да патуваат, препорака е претходно да ја проверат состојбата преку камерите на ЈП за државни патишта. А и да понесат доволно вода и да бидат подготвени за подолго чекање.








