Расте бројот на пациенти на Клиниката за гастро. Бројката на болни е дури неколкукратно зголемена во последниве години, а капацитетот е премал како терцијарна установа во државата, вели директорката, професор доктор Мери Трајковска. Менаџментот се надева на дозволи за да се догради клиниката и да се направи поголем простор за хоспитализирање на пациенти.








