HomeМакедонијаБожиновска се сретна со претставници на УНИЦЕФ: Децата и младите во центарот...

Божиновска се сретна со претставници на УНИЦЕФ: Децата и младите во центарот на енергетските политики

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика Сања Божиновска оствари прва официјална средба со Lesley Miller, претставничка на УНИЦЕФ во Македонија, на која се разговараше за поголема соработка во политики што ги ставаат децата и младите во центарот на општествените процеси.


Како што истакна Божиновска, децата и младите не смеат да бидат споредна тема во креирањето на јавните политики, вклучително и во енергетскиот сектор.


„Енергетската транзиција не е само прашање на бројки, инфраструктура и инвестиции. Таа значи топол дом, чист воздух и еднакви можности за секое дете“, порача министерката.
Таа нагласи дека фокусот на министерството останува на праведни и инклузивни политики, особено насочени кон најранливите категории граѓани, а пред сè кон децата.


Во рамки на разговорите било истакнато дека соработката со УНИЦЕФ може да отвори простор за нови иницијативи – од едукација и подигнување на јавната свест, до вклучување на младите во процесите на носење одлуки кои директно влијаат врз нивната иднина.
Божиновска потенцираше дека вистинската вредност на овие политики е создавање подобри услови за раст, развој и сигурна иднина за секое дете.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img