HomeМакедонијаСтојаноски: Aко се качи минималната плата на 600 евра многу работници може...

Стојаноски: Aко се качи минималната плата на 600 евра многу работници може да останат без работа

- Advertisement -spot_img

Минималната плата треба да се утврди преку договор меѓу работниците и работодавачите, а Владата ќе го поддржи секое решение што ќе произлезе од таков договор, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во „Топ Тема“.

Тој нагласи дека Владата ги исполнила своите обврски кон јавниот сектор и дека поголемиот дел од државната администрација веќе има склучено колективни договори.

„Не сме рекле дека минималната плата треба да порасне согласно законот, туку дека ќе порасне како што ќе се договорат работодавачите и работниците. Сè што ќе се договорат овие две страни ние ќе го поддржиме и ќе го испочитуваме“, изјави Стојаноски.

Според него, најважно е платата што ќе се договори да биде реално исплатлива за компаниите, сепак тој предупреди дека нагло зголемување на минималната плата може да создаде економски притисоци и да доведе до негативни последици на пазарот на труд.

„Имало два случаи кога таа била покачена инцидентно, односно 19 и 20% и тоа секогаш се рефлектирано кога првиот пат била покачена имало две години афтершок односно апсорционен ефект да тој шок биде од државата и на некаков начин поддржан, па потоа две години растела на 1%, а била поддржана 10 месеци од страна на владата вториот пат кога пораснала. Ова барање кое вие го имате на маса е пораст околу 41%. Ако се покачи 41% платата, тогаш доаѓаме до еден феномен да наместо да им дадеме повисока плата на работниците, ние да можеме да дојдеме до една суштина тоа значи дека луѓето ќе останат без работа. Зошто поради три работи. Прво поради тоа што ете тие кои би требало да ја дадат платата не можат да го издржат, второ покачената инфлација која неминовно ќе се случи и третата сите оние кои ова не можат да го издржат може и да отидат кон неформалната економија. Така што тоа што ќе го договорат работодавачите и синдикатите ние тоа ќе го поддржиме“, додаде Стојаноски.

Сепак Стојаноски нагласи дека мора да се седне и да се разговара, бидејќи барањето за покачување на минималната плата од 600 евра е според формулата која се креирала во 2022 година кога имало висока инфлација, а сега тоа не е случајот, на ова се согласи и Трендафилов дека е потребен дијалог, но го истакна фактот дека ССМ молело да се седне и да се разговара.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img