Владиниот предлог, судијата од Кривичниот суд Ненад Савески, за нов државен јавен обвинител, стигна во Собранието. Изборот е на пленарната седница, закажана за среда, 18-ти март.
За да биде избран Савески за шеф на обвинителството, потребни се најмалку 61 пратенички глас.
Од Илинденска велат дека при изборот се раководеле од принципите на професионалност, интегритет, стручност и доследна посветеност на владеењето на правото. Во вторник пак, јавна расправа за Предлог-законот за Јавно обвинителство, кој на пленарка доби зелено светло за натамошна постапка.








