Градоначалникот на Општина Чаир Изет Меџити денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на САД во Скопје, Никол Варнс, на која се разговарало за актуелните политички и институционални процеси во земјата, како и за продлабочување на соработката меѓу двете држави.

Како што информираше Меџити преку објава, на средбата биле разгледани тековните развојни процеси во државата, со посебен акцент на зајакнувањето на институциите и продолжувањето на реформите што треба да ја доближат Македонија до евроатлантските стандарди.

„Ми беше задоволство да ја пречекам госпоѓа Никол Варнс, вршителка на должност амбасадор во Амбасадата на САД во Скопје. Разговаравме за актуелните случувања во земјата, зајакнувањето на институциите и напредокот на реформите кои ја приближуваат Северна Македонија до евроатлантските стандарди“, напиша Меџити.
Тој нагласил дека ја цени континуираната поддршка што САД ѝ ја даваат на земјата во насока на зајакнување на демократските процеси, владеењето на правото и општествениот развој.
Според Меџити, САД остануваат важен стратешки партнер и сојузник на Северна Македонија, не само во зајакнувањето на демократските институции и стабилноста на државата, туку и во обезбедувањето стабилност во целиот регион.








