домаМакедонијаОпштина Битола со мерка за вработување – 18 невработени ќе работат на...

Општина Битола со мерка за вработување – 18 невработени ќе работат на јавни работи

- Advertisement -spot_img

Општина Битола го објави јавниот повик за вршење на јавни работи и работно ангажирање на 18 лица невработени ниско квалификувани и со средно образование кои ќе бидат ангажирани за средување на зелените и јавни површини во градот и руралните средини, средување на речното корито на реката Драгор, средување на Золошката градина, помош при други градежни зафати во делот на инфраструктурата.

Работното ангажирање ќе биде за период од 6 месеци април – септември, во работни денови, понеделник – петок, со ангажман од по 7 работни часа на ден, за што на лицата ќе биде исплатен месечен надоместок во износ од 20.000,00 денари нето износ. Во износот се пресметани покрај надоместокот за извршената работа во тековниот месец и трошоците за превоз од местото на вршење на работите како и надоместокот за исхрана.

За овој јавен повик повеќе информации на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/rabotno-angaziranje/

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img