HomeМакедонија(ВИДЕО) Николоски на форумот на Светска банка: Инвестираме во коридорите 8 и...

(ВИДЕО) Николоски на форумот на Светска банка: Инвестираме во коридорите 8 и 10 како клуч за економски развој

- Advertisement -spot_img

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на форумот на Светска банка во Вашингтон зборуваше за значењето на паневропските транспортни коридори 8 и 10, истакнувајќи дека тие се меѓу најважните инфраструктурни проекти за економскиот развој на Македонија и регионот.


Според Николоски, Владата активно инвестира во модернизација и изградба на инфраструктурата долж овие коридори, кои имаат клучна улога за подобро регионално поврзување, развој на трговијата и економски раст..


Тој посочи дека во рамки на овие проекти се работи на изградба на нови автопатски делници, модернизација на транспортната инфраструктура и развој на железнички врски, меѓу кои и планираната брза железница на Коридорот 10 и железничкото поврзување со Бугарија како дел од Коридорот 8.


Николоски нагласи дека развојот на овие два коридора е стратешки приоритет за Македонија, бидејќи тие ја позиционираат земјата како важен транспортен и логистички центар во Југоисточна Европа.
Форумот на Светска банка, на кој учествуваше Николоски, е посветен на модернизацијата на транспортната инфраструктура и на можностите за инвестиции во одржливи и поврзани транспортни системи.


Во рамки на посетата на САД, вицепремиерот има и повеќе средби со претставници на меѓународни институции, на кои се разговара за идни инфраструктурни проекти и економска соработка.

ВИДЕОТО ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ТУКА

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img