За шест месеци е намалена казната што на повтореното судење ја доби Гордана Филиповиќ, која пред четири години на пешачки премин смртно го прегази 76 годишниот Слободан Ангеловски, додека возела со брзина поголема од дозволената, не сопрела на пешачкиот, иако возилата во другите две ленти биле затснати..според сведочењата пред судот таа во моментот на несреќата зборувала и на мобилен телефон. Судијката Лидија Петровска за ублажена казна вели дека ја донела поради како што наведе доброто поведение на Филиповиќ за време на судењето како и изразеното жалење од нејизна страна, а санкцијата која е помала од законскиот минимум од четири години затвор, смета дека треба да биде памет за сите во сообраќајот
-Судот цени дека кај обвинетата постои форма на умисла, евентуална, како еден облиците на умислата, бидејќи опасноста на која што не реагирала не била апстракна и далечна, туку конкретна и лесно препознатлива. Запрените возила биле доволно јасен сигнал за секој учесник во сообраќајот дека на пешачкиот има пешак, па продолжување со движење без соприање како што се утврди од доказите подразбира преземање на ризично дејствие односно помирување со можноста за настапување на штетна последица и прифаќање на ризикот од начинот на управување на возилото. – Лидија Петровска – Судијка
Семејството на Ангеловски пресудата ја оцени како срамна и изрази максимална разочараност од Судот во земјава. Право на жалба како оштетени немаат, но очекуваат дека обвинителството ќе го стори тоа, оти и обвинителката Сања Бурјаковска изрази незадоволство од одлуката. Филиповиќ имала забрана за возење од четири години, кога го прегазила Ангеловски и не смеела да вози, вели неговиот син.
-Судствово во Македонија, не на 2%, туку на минус 20% е дојдено. Многу шокантна пресуда, многу некоректна пресуда и морам да искритикувам дека судијката ги зеде само олеснителните околности во пресудата. Да дадете две и пол години на толку многу прекршоци, јас би ја нарекол, сериски прекршител на сообраќајните правила, затоа што не е нормално вие да имате четири години забрана за управување на возило, при тоа да не ја впишете и ред други сообраќајни прекршоци и да добиете 2 и пол години затвор. Доколку забраната си ја впишала во сообраќајната дозвола, немало да дојде до овој случај, таа не смеела да учествува во сообраќајот. – Стојан Ангеловски – син на починатиот Слободан Ангеловски
Бранителот на обвинетата Филиповиќ, која во првостепената пресуда доби и петгодишна забрана за возење, пак смета дека затворската казна е висока и дека кај неа немало умисла, и тој најавува дека ќе ја обжали пресудата.
Во изминативе неколку години имаше уште неколку судски пресуди за прегазување на пешак кои предизвикаа бурни реакции од семејствата, а меѓу нив се две годишната затвроска казна за Менсур Пајазити од Тетово, кој ја прегази Теодора Ристовска, а три години доби Јордан Ѓорѓиев кој со возило ја усмрти Викторија Николова кај Сити Мол.








