Кристијано Роналдо и официјално стана ко-сопственик на шпанскиот клуб Алмерија. Португалецот купи 25% од акциите на клубот, кој моментално се натпреварува во втората лига на шпанскиот фудбал.
Со овој потег, Роналдо направи сериозен деловен пробив надвор од фудбалскиот терен.
Алмерија моментално е во сопственост на саудиска инвестициска група и преку оваа рамка за сопственост беше реализиран овој договор.
Откако клубот и саудиската инвестициска група ставија потпис на договор, Роналдо формално стана дел од сопственичката структура на шпанскиот клуб.
Ова е прв пат неговото име директно да се поврзе со ко-сопственост на европски фудбалски тим.
Информациите за завршениот договор ги објави познатиот италијански новинар Фабрицио Романо кој додава дека овој потег отвора сосема нова димензија во кариерата на португалскиот интернационалец.
Јасно е дека Португалецот сè повеќе размислува за животот по неговата играчка кариера, а инвестирањето во фудбалски клуб е логичен чекор во таа насока.
Алмерија би можела да добие дополнително внимание од глобалната јавност во наредниот период. Шпанскиот тим моментално е на третото место на табелата во втората лига, само два бода зад Расинг.
Затоа не би било големо изненадување ако ако клубот на Кристијано Роналдо игра против Реал Мадрид следната сезона.
Доаѓањето на еден од најголемите фудбалери на сите времиња во сопственичката структура на клубот сигурно ќе има маркетиншки ефект.
Останува да се види каква улога ќе игра Роналдо во идните планови на шпанскиот второлигаш.








