HomeМакедонијаЈКП Водовод Битола: Започнаа подготовките за пуштање во работа на фонтаната кај...

ЈКП Водовод Битола: Започнаа подготовките за пуштање во работа на фонтаната кај Саат кулата

- Advertisement -spot_img

Екипите на ЈКП „Водовод“ – Битола започнаа со подготовките за повторно ставање во функција на фонтаната кај Саат кулата, која е едно од препознатливите места во централното градско подрачје.


Како што информираат од претпријатието, покрај редовните активности на терен, денес започнаа техничките подготовки кои се неопходни за фонтаната повторно да биде пуштена во работа.
Во наредниот период ќе се реализираат сите потребни проверки и подготовки на системот, по што фонтаната повторно ќе биде ставена во функција и ќе го разубавува просторот околу Саат кулата.


Од ЈКП „Водовод“ – Битола истакнуваат дека продолжуваат со редовните активности за одржување на инфраструктурата и подобрување на јавните услуги.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img