HomeМакедонијаПроданоски најави корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за побезбеден сообраќај во...

Проданоски најави корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за побезбеден сообраќај во Прилеп

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави реализација на корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ по барање на жителите, институциите и деловните субјекти од овој дел на градот.

Иако улицата беше изградена минатата година, поставените ивичњаци го отежнувале паркирањето и создавале пречки во секојдневното функционирање. За да се обезбеди подобра пристапност и поголема безбедност, биле извршени замена на ивичњаците и нивелирање на шахтите.

Проданоски посочи дека овие активности се преземени за да одговорат на реалните потреби на граѓаните и институциите, со цел да се обезбеди пофункционално и долгорочно решение.

Во следната фаза на проектот се предвидува уредување на тротоарите, што ќе ја подобри безбедноста и условите за движење на пешаците.

Градоначалникот им се заблагодари на граѓаните за трпението и истакна дека приоритет останува континуираното подобрување на условите за живот и работа во Прилеп.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img