HomeСпортШокантни тврдења на Словенците: Бившата му викнала полиција на Лука Дончиќ

Шокантни тврдења на Словенците: Бившата му викнала полиција на Лука Дончиќ

- Advertisement -spot_img

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ повторно се најде во центарот на вниманието, но овој пат не поради неговите одлични настапи на теренот, туку поради раскинувањето со Анамарија Голтес. Сега, од Словенија пристигнаа шокантни информации.

Имено, словенечкиот портал „Трма“ објави ексклузивни информации за скандалот во семејството, кои кренаа прашина во светот. Тие пишуваа за проблемите што ги имале Лука и Анамарија, поточно, за нивната врска.

Дончиќ и неговата свршеница неодамна добија втора ќерка, а сите беа изненадени од веста за нивната разделба.

Според овој портал, Анамарија повикала полиција во породилното одделение, а сè поради Лука. Таа се породи во декември 2025 година.

  • Полицијата ја повика мајката кога пристигна Лука. Немаше никаква интервенција или нешто слично на јавно место, а Лука беше смирен. Не можеме да кажеме која беше причината за нејзината постапка и што стои зад неа, но можеме да потврдиме дека се случил инцидент, се наведува во текстот на гореспоменатиот портал, кој не сака да го открие изворот.
  • Намерно не го запишавме тоа за да ја заштитиме приватноста. На крајот, Лука се смири… немаше никаква интервенција во согласност со прописите за јавен ред и мир. Но, ситуацијата не беше сосема безопасна: мајката и партнерката очигледно се нашле во таква ситуација што ја повикале Полициската управа во Крањ, се додава во текстот.

Авторот на текстот од Словенија се прашува и дали сето тоа било почеток на семејно насилство.

„Навистина шпекулираме за ова, но на ова поле – како што можеме да видиме околу нас – нема заштитени и недопирливи, нели? Му посакуваме на семејството сè што посакуваме за нашите семејства и повторно предупредуваме: хистеријата околу кошаркарот познат во целиот свет ги надмина границите на нормалноста, а од друга страна, може да добие и негативни конотации. Затоа сме горди што сме први и единствени што го опишуваат и го потврдуваат инцидентот, кој сега може да има нови форми на манифестација. Не заклучуваме ништо, не инсинуираме итн. Ние сме, едноставно, медиум кој нема „табу теми“ и недопирливи. Затоа сме толку читани. Повторуваме: ја почитуваме приватноста, но прагот на толеранција кон Лука Дончиќ е толку висок (а тој самиот го постави) што никогаш нема да го достигнеме“, пишува словенечкиот медиум.

Останува да се види дали Дончиќ ќе даде изјава во врска со она што го пишуваат Словенците бидејќи оваа информација е, дефинитивно, шокантна.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img