HomeСпортПознати сите учесници на Ф4 во Купот на Македонија

Познати сите учесници на Ф4 во Купот на Македонија

- Advertisement -spot_img

ГРК Охрид е последниот учесник на завршниот турнир во ракометниот Куп на Македонија. „Гладијаторите“ пред својата публика извојуваа уште еден убедлив триумф и во финалето од четвртфиналниот турнир славеа над Куманово со 35:18.

Покрај Еурофарм Пелистер, Вардар 1961 и Алкалоид, амбициозниот Охрид и оваа сезона обезбеди борба за трофејот во Купот, која ќе се одржи на крајот од идниот месец.

Охриѓани очекувано немаа никакви проблеми против еден од најслабите екипи во Суперлигата оваа сезона. Најефикасен во редовите на Охрид беше Никола Ристески со шест гола, а  Пилиповиќ мечот го заврши со седум одбрани.

Бранител на титулата е екипата на Вардар 1961, а дополнително ќе се одреди кој ќе биде домаќин на турнирот, како и полуфиналните парови.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img