HomeМакедонијаЌе прогласи ли Владата кризна состојба во вторник?! Се чекаат новите цени...

Ќе прогласи ли Владата кризна состојба во вторник?! Се чекаат новите цени на горивата во понеделник

- Advertisement -spot_img

Дали во вторник Владата ќе прогласи кризна состојба во земјава, зависи од одлуката на Регулаторната комисија за енергетика која во понеделник ќе ги објави новите цени на горивата. Премиерот Мицкоски изјави дека веднаш, во вторник на седница на Владата ќе интервенираат ако има драматичен скок на цената. Тој уверува дека има доволо нафта и нафтени деривати и дека граѓаните треба да бидат спокојни. Законски, мерки со кои може да се интервенира има, но за да се донесат треба да се да се прогласи кризна состојба.

„Цената на нафтата и нафтените деривати кај нас е драматично поевтина од таа како што е во соседството. Да речеме ако е во Србија 120 денари отприлика по литар, кај нас е седумдесет, седумдесет и нешто. Истиот случај е компаративно ако се направи анализа и со Косово, и со Албанија“, вели Мицкоски.

„Доколку има драматичен скок на цената се разбира дека ние како влада, веднаш во вторник на редовната владина седница веднаш ќе интервенираме. Имаме неколку опции на располагање. Дали ќе намалиме акциза, дали ќе намалиме Данок на додадена вредност“, рече Мицкоски.

Иако, нафтените резерви се за нешто над 60 денови, а законскиот максимум е 90 денови, премиерот тврди дека со оглед на дневната потрошувачка тие се стабилни. Потврди дека имало информации за забрани и ограничувања за точење нафта на некои бензински пумпи, соопшти дека инспекциите се на терен, а најави дека ќе се следи и работата на маркетите. Премиерот потврди и дека има ризик од нов инфлаторен шок во земјава, доколку конфликтот на Блискиот исток протрае.

„Дека таа можност за нова инфлација доколку потрае кризата во Заливот е возможна апсолутно е на маса и ние согласно развојот на настаните така како влада реагираме. Но, ние не сме политичка гарнитура која што сака да внесува страв кај граѓаните, ние сме политичка гарнитура која што ги антиципира предизвиците и нуди решенија.“, изјави Мицкоски.

Случувањата на Блискиот Исток пак ги разнишаа и глобалните прогнози за инфлацијата. Се стравува од нов притисок врз цените ако конфликтот потрае. Од ФАО веќе регистрираа поскапување на пченицата, растителните масла и некои видови месо. Скок има и на цените на нафтата. Вчера, берзите затворија со цена од речиси 93 долари за барел. Но, стравувањата се дека таа може да отиде и до над 100 долари за барел.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img