HomeЕкономијаШест квартали континуиран раст на БДП, „Актива Штип“ го зголемува производствениот капацитет

Шест квартали континуиран раст на БДП, „Актива Штип“ го зголемува производствениот капацитет

- Advertisement -spot_img

Македонската економија бележи стабилен раст веќе шест квартали по ред, истакна премиерот Христијан Мицкоски од Штип, одговарајќи на новинарско прашање за растот на бруто-домашниот производ (БДП) за последниот квартал од минатата година.

– Ние, како Влада, имаме реален бруто-домашен производ што расте со просечни 3,5%  за последните шест квартали. Во последните два квартали од 2025 година, растот изнесуваше 3,8 %. Според податоците на „Еуростат“, нашата економија е меѓу трите лидери во Европа по растот во четвртиот квартал. Ако се споредиме со соседите Бугарија 3,2 %, Хрватска 3,6 %, Србија 2,2 %, Грција околу 2%, ние сме лидери во регионот – истакна Мицкоски.

Премиерот нагласи дека била завршена 2024 година со раст од 3 %, 2025 година со 3,5 %, а за 2026 година се очекува раст меѓу 3,5 и 4 %. Тој посочи дека македонската економија е консолидирана, со „таргетирани“ расходи и фискална дисциплина, што резултира со историски рекорден номинален БДП во 2025 година од 8,2 до 8,3 %.

– Нашата цел беше да достигнеме номинален БДП од 20 милијарди долари до крајот на мандатот, но го постигнавме тоа уште во 2025 година. Според ММФ, за 2026 година номиналниот БДП ќе изнесува над 21 милијарда долари, а куповната моќ од жител ќе се движи меѓу 31 и 32 илјади долари, приближувајќи се до Црна Гора и до Србија и далеку пред Албанија и Косово – додаде Мицкоски.

На настанот во Штип, премиерот го посети производствениот капацитет на компанијата „Актива“ и се запозна со новите инвестиции што се реализираат со заемот од Унгарија.

– За мене е задоволство што Владата придонесе овие капацитети да добијат нова физиономија. Со новите производствени линии и роботски системи, компанијата создава голема додадена вредност за македонската и за локалната економија. Во „Актива“ работат 580 лица, а капацитетите опфаќаат повеќе од 45.000 квадрати, со современа и напредна технологија – истакна Мицкоски.

Тој додаде дека Владата продолжува да обезбедува услови за развој на македонските компании, со цел да се унапреди економијата и да се создадат нови успешни приказни како „Актива Штип“.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img