Корисна и продуктивна средба на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски со г-ѓа Северин Декарт, раководител на секцијата за Источна Европа во Швајцарската агенција за развој и соработка. На средбата беше истакнато значењето на долгогодишната поддршка што Швајцарија ја обезбедува за институционалниот развој и јакнењето на демократските процеси во Собранието.
Потпретседателот Милошоски ја потенцираше улогата на Швајцарската агенција за развој, како и на Националниот демократски институт (NDI), како значајни партнери и
поддржувачи на Собранието. Тој истакна дека преку заедничка соработка се реализираат повеќе проекти насочени кон унапредување на парламентарната отчетност, транспарентноста во работењето и зајакнување на капацитетите на законодавниот дом.
Соговорниците разменија мислења за тековните активности и можностите за понатамошно продлабочување на соработката, со цел дополнително унапредување на демократските стандарди и ефективноста на парламентарната работа.
Потпретседателот Милошоски посебна благодарност упати и до амбасадорот Зомер и неговиот тим за нивната континуирана поддршка во реализацијата на заедничките иницијативи и проекти, кои имаат значаен придонес во процесите на институционален развој и зајакнување на демократските вредности во земјата.








