Ноќеска избувна пожар во култниот штипски ресторан „Мал одмор”.
На терен биле излезени сите капацитети на Територијалната противпожарна единица Штип, со три возила и дванаесет пожарникари, кои заедно со навивачката група „Ултра Банда“ учествуваа во гасењето на огнот, пренесе ТВ Стар.
Пожарот предизвикал голема материјална штета, но за среќа нема повредени.
Интервенцијата на пожарникарите, заедно со помошта од локалните навивачи, успеале да го стават огнот под контрола и да биде спречено негово понатамошно ширење.
Како што пренесе ТВ „Стар“, причина за пожарот била струјна инсталација. Пожaрот избил на кровната конструкција и претпоставка е дека се случил поради неисправна струјна инсталација.
Дополнителни информации се очекуваат во текот на денот.








