12.8 C
Skopje
28 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаНиколај Павловски од Дубаи: Никој не очекуваше дека ќе се разбуди со...

Николај Павловски од Дубаи: Никој не очекуваше дека ќе се разбуди со звуци од бомбите на Иран, но засега ситуацијата е мирна

- Advertisement -spot_img

Иранската Исламска револуционерна гарда соопшти дека веднаш по нападите од САД и од Израел започнала со одмазднички операции против американските бази во регионот и ционистичкиот режим.

Министерството за одбрана на Обединетите Арапски Емирати соопшти дека земјата била подложена на „очигледен ирански напад со балистички ракети“. Додаде дека системите за воздушна одбрана на ОАЕ „работеле многу ефикасно“ и успешно пресретнале неколку ракети.

Николај Павловски, поранешен советник во општина Куманово, во моментов престојува во Дубаи поради работни обврски во секторот недвижности.
Специјално за “Фокус“, Павловски пренесе каква е моменталната ситуација во Дубаи по утринските напади на Иран кои доаѓаат како одговор на воздушните напади од САД и Израел.

– Овде во Дубаи сум по работни обврски. Денеска исто така работевме во бизнис зградите во близина на Палм Џамеира. Засега, ситуацијата е стабилна. Утрово немаше никакви експлозии да се чујат, се беше нормално. Некаде околу 14.20часот (Дубаи е 3 часа понапред од Скопје) или нешто порано дојде информација дека треба да ја напуштиме зградата и да си одиме дома. Сега сум во мојот стан во реонот Џи-Ви-Си. Веќе се слушаат експлозии од некакви удари каде што живееме. Не е прогласена вонредна состојба, само е затворен воздушниот простор. Има задржување на летовите во Дубаи, властите рекоа дека е привремено затворено, сподели за „Фокус“ Николај Павловски.

Тој рече дека се зборувало дека дека е нападната со ракета зградата Бурџ Калифа, но медиумите известиле дека противвуздишните сили на ОАЕ успеале да соборат ракета.

Сепак, никој утрово не очекувал да се разбуди со звуци од бомби од Иран.

– Не, никој не очекуваше. Јас бидејќи ја следам ситуацијата на Блискиот исток, затоа што тоа ми е специјализација на мојот универзитет, очекував уште од претходната недела кога дојдов во Дубаи да има ескалација, но обичните луѓе тука се надеваа дека ќе успеат преговорите меѓу САД и Иран.

Сакам да повторам дека ситуацијата засега е мирна, нема некои хаотични збиднувања, нема жртви и повредени. Прочитав дека во Абу Даби остаток од срушена ракета паднал и убил некој цивил граѓанин од некоја азиска држава.
Единствено што може да се забележи гужва на автопатот, но сега е период на Рамазан и се поправа патот, не знам дали е поврзано со ситуацијата што ги снајде ОАЕ или со светиот месец, истакна Павловски кој во јуни 2025 година дипломирал на ХСЕ Универзитетот Москва на меѓународни односи.

Николај за „Фокус“ рече дека тамошните власти најавиле дека ќе нападнат некои цели во Иран затоа што тие први нападнале.

– Ставот на ОАЕ до нападот од Иран беше дека нема да се вклучат во некои воени операции предводени од САД и Израел на територија на Иран. Но, најверојатно ова е само прв бран на удари и од едната и од другата страна – додаде Николај Павловски кој беше советник во Куманово од ноември 2021 до септември 2022 година, потоа активист на ЗНАМ се до ноември 2025 година кога ја напушти партијата и политиката.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img