7.8 C
Skopje
20 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаВозачите со отворени очи – одрони од Штип до границата со Бугарија

Возачите со отворени очи – одрони од Штип до границата со Бугарија

- Advertisement -spot_img

Одрони се свлекуваат по патиштата низ истокот, откако обилните врнежи од дожд го накиснаа теренот. Од Македонија пат информираат дека станува збор за помали одрони на правците од Истибања до граничниот премин со Бугарија, како и на делниците Делчево–Берово–Струмица, Виница–Берово и Штип преку Лакавица кон Неготино. Засега нема поголеми одрнои, ниту пак се воведени забрани за сообраќај. Сообраќајот се одвива тековно, а екипите се на терен и ја следат состојбата.

,,Сега за сега снежни врнежи немаме, имаме врнежи од дожд на целата територија на подружница Штип. Одрони имаме ситни на познатите патни правци, што ќе каже од Истибања па се до граница со Р. Бугарија, Делчево-Берово-Струмица, Виница-Берово и Штип преку лакавица за Неготино. Тие се патни правци на кои што ги имаме одроните, поголеми одрони нема, нема забрани, сообраќајот се одвива тековно на сите патни правци.“, вели Цоневски

Иако нема забрани, сепак Цоневски предупредува, возачите да возат внимателно, се со цел да не дојде до несакани последици.

,,Внимателно возење, бидејќи одроните сега за сега се ситни, нема поголеми, но не знаеме што може да се случи понатаму. Теренот е таков на територија на цела подружница.“, додава Цоневски

Инаку, од Македонија пат дополнително посочуваат дека екипите се постојано активни и ја следат состојбата. Засега ситуацијата е мирна, но велат не значи дека нема да има поголеми одрони, па затоа не е да одмет внимателно управување на возилата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img