домаМакедонијаОткриена тајна база на паравојска на само 100 километри од македонската граница?!...

Откриена тајна база на паравојска на само 100 километри од македонската граница?! Мистериозен објект во ридовите, руско знаме, кучиња и луѓе вооружени до заби

- Advertisement -spot_img

Тајна база на руската паравоена група „Вагнер“ наводно е откриена во селото Кладница во јужна Бугарија, на околу 50 километри од границата со Србија, односно на нешто повеќе од 100 километри на границата со Македонија. Откритието го објавило бугарското здружение БОЕЦ, кое тврди дека станува збор за мал објект во планинска област што е строго чуван и, според нив, можеби се користи за терористички активности, пишува Блиц.рс.

До објектот е тешко да се пристапи бидејќи се наоѓа на непристапен терен. Околу него има обезбедување, вклучувајќи и кучиња чувари. Според здружението, луѓето што се движат во близина носат облека и капи со симболи на „Вагнер“, а дел од нив се и вооружени.

На самиот објект, како што се наведува, се поставени руско знаме и амблем на групата. Претставник на БОЕЦ изјавил дека станува збор за организација поврзана со руските специјални служби. Здружението веднаш го известило бугарското Министерство за внатрешни работи, посочувајќи на присуство на вооружени лица, симболи на организација под меѓународни санкции и можна поврзаност со безбедносни структури.

БОЕЦ смета дека присуството на такви лица претставува сериозна закана за националната безбедност и ја критикува наводната недоволна реакција на институциите.

Кои се „Вагнер“

Групата „Вагнер“ е приватна руска паравоена организација. Нејзин лидер и, според многумина, основач бил Евгениј Пригожин, кој загина во авионска несреќа во 2023 година. Постојат и податоци дека групата ја основал Дмитриј Уткин, поранешен офицер на руската воена разузнавачка служба.

Првите информации за активностите на групата се појавиле во 2014 година за време на конфликтот во Украина. Во 2023 година се проценувало дека групата има околу 50.000 борци.

„Вагнер“ е под меѓународни санкции. Во некои држави е означена како терористичка организација, а во други како криминална група. Често се поврзува со сериозни кршења на човекови права.

Активности надвор од Украина

Освен во Украина, групата дејствувала и во Африка и на Блискиот Исток – во земји како Мали, Либија, Сирија и Централноафриканската Република. Таму била обвинувана за учество во насилства врз цивили, како и за експлоатација на природни ресурси преку поврзани компании.

- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img