11.8 C
Skopje
15 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаМицкоски на Минхенската безбедносна конференција: Не ни треба процес без крај, туку...

Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција: Не ни треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина

- Advertisement -spot_img

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека на Минхенската безбедносна конференција учествувал на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ“, на која, како што наведе, ги претставил позициите на земјава за проширувањето на Европската Унија.

Во објава на неговиот Фејсбук профил, Мицкоски наведува дека пораката, според него, е едноставна и оти на Македонија и на регионот „не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина“. Време е, вели Мицкоски, реформите и трудот на македонските граѓани да бидат соодветно вреднувани.

– Денес на Минхенската безбедносна конференција учествував на тркалезната маса „Отворена врата или отворен крај? – Исполнување на ветувањата за проширување на ЕУ” каде што јасно ги претставив нашите позиции за проширувањето на ЕУ. ​Пораката е едноставна: на Македонија и на регионот не им треба процес без крај, туку заслужена и предвидлива европска иднина. Време е реформите и трудот на нашите граѓани да бидат соодветно вреднувани, стои во објавата.

Мицкоски, вчера, на вториот ден од 62-та Минхенска безбедносна конференција Мицкоски оствари средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, со Ричард Гренел, специјален пратеник на претседателот на САД Доналд Трамп за специјални мисии, како и со холандскиот премиер, Дик Схоф, претседателот за глобални прашања и ко-раководител на Глобалниот институт Голдман Сакс Џаред Коен и со Тед Дојч од Американско-еврејскиот комитет.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img