На 13.02.2026 во 15:30 часот на ул.„Маршал Тито“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Б.И. (29) од с.Србица, кичевско.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управувал возилото без положен возачки испит.
По наредба на јавен обвинител, лицето е задржано во ОВР Кичево, а возилото е одземено.
По документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.








