Честите прекини на вода, проблемите со водоснабдувањето во населените места во Карбинци полека стануваат минато. Претходното лето речиси и да немаше проблеми со водоснабдувањето, вели градоначалникот Виктор Паунов. Ова пред се се должи на фактот дека најголем дел од населените места, односно над 90% се снабдуваат со вода за пиење од ХС Злетовица. Во функција е и бунарскиот систем па граѓаните постојано имаат притисок и чиста вода за пиење.
„Можам да кажам на повеќе од 80 до 90% од територијата се на ХС Злетовица. Има одредени мали, можеби, технички проблеми во текот на една година, но тие се мали и има многу малку. Кога се во прашање селата Радање, Таринци, Аргулица каде во минатото имавме многу проблеми сега ова е минато.“ – вели Паунов.
Дополнително, непречено се одвиваат и работните активнсоти во ЈП Плачковица. Подобрена е механизацијата со која располага претпријатието, а се работи на зголемување на бројот на вработени со што се овозможува непрекината работа на терен.
„Услугата се врши без проблем, се врши квалитетно, навремено. Механизација има доволно“ – вели Паунов.
Со приклучувањето на ХС Злетовица, Општина Карбинци го решава проблемот со водата за пиење иденстично како и останатите општини кои се снабдуваат од таму со вода.









