Во Собранието денеска ќе се одржи настанот „Зајакнување на парламентарниот надзор преку зголемена соработка меѓу Собранието и Државниот завод за ревизија“.
Како што информираат од собраниската прес-служба, воведни обраќања ќе имаат претседатело на законодавниод дом Африм Гаши, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Килиан Вал и главниот државен ревизор Максим Ацевски.
За надзорната улога на Собранието и улогите на комисиите ќе говорат Сања Лукаревска, претседателка на собраниската Комисија за финансирање и буџет и Бојан Стојаноски, претседател на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика. Претставник на ДЗР ќе говори за улогата на Државниот завод за ревизија во поддршка на собранискиот надзор.
Настанот ќе биде заокружен со заклучоци.









