Доживотна казна затвор доби Стојанче Зарков, кој во август минатата година со нож во семејната куќа во Штип ја уби неговата 84 годишна мајка. Според Судот тој со умисла во семејниот дом во Штип ја убил мајка си со нож, па настанот го пријавил на телефонскиот број 112.
„На ден 8.8.2025 година во семејниот дом на улица Страшо Пинџур во Штип со директна умисла, при вршење на семејно насилство ја лишил од слобода на начин што со употреба на нож со зелена рачка со заоблен врв и нанел убодна рана на левата половина од вратот“ – вели Георгиев.
Во казната доживотен затвор му се пресметува и времето поминато во притвор. Зарков и претходно во два наврати бил осудуван за семејно насилство кон неговите сега починати родители и загрозување на сигурсноста.
Зарков изминатиот период не призна вина за делото, а во неколку наврати на рочиштата посочи дека не се сеќава дали тој ја убил неговата мајка или не. Адвокатот по службена должност кажа дека ќе се поднесе жалба на одлуката за доживотна казна затвор.








