Блокирана улицата кај Општина Тетово. Пак се протестира од страна на неколку десетици граѓани денес пред регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (УЈП) во Тетово во знак на револт што им се бара да платат данок на доход остварен во странство. Тие сметаат дека не треба да добијат вакви решенија од УЈП, образложувајќи дека биле 183 денови во странство и дека со тоа не се даночни резиденти.








