8.8 C
Skopje
14 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаДводневна посета на Париз: Македонија ги зајакнува заложбите за Охрид во УНЕСКО

Дводневна посета на Париз: Македонија ги зајакнува заложбите за Охрид во УНЕСКО

- Advertisement -spot_img

Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, градоначалникот на oпштина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на oпштина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојува во дводневна работна посета на Париз.

Во рамки на посетата, делегацијата ќе оствари средби со Калед Ел-Енани, генерален директор на УНЕСКО, како и со други високи претставници на УНЕСКО.

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Делегацијата ќе се осврне и на мерките што владата ги презема, како и на фактот дека преку надлежните институции се вложуваат максимални напори за спроведување на препораките од реактивните мисии (2020 и 2024) и Стратегискиот план за рехабилитација.

Во рамки на посетата, денеска е планирана средба со Ернесто Отоне, помошник генерален директор на УНЕСКО задолжен за култура, потоа со Конгкер Мохамад Талха, претседател на 43. сесија на Генералната конференција на УНЕСКО, а утре делегацијата ќе се сретне со Насер бин Хамад Ал Хинзаб, претседател на Извршниот одбор на УНЕСКО.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img