HomeХроникаЗапленет голем арсенал оружје во Скопје – три лица пријавени за организиран...

Запленет голем арсенал оружје во Скопје – три лица пријавени за организиран криминал

- Advertisement -spot_img

Министерството за внатрешни работи објави детали и фотографии од оружјето запленето при последната полициска операција во Скопје. Против три лица на возраст од 25 до 33 години е поднесена кривична пријава за „злосторничко здружување“ и „нелегално поседување и трговија со оружје“.

При претресите на повеќе локации во главниот град, полицијата конфискувала автоматска пушка со две полни рамки и 44 куршуми, два пиштола со три рамки и дополнителна муниција, ловна и воздушна пушка, рачна димна бомба, како и големо количество муниција од различен калибар и други материјални докази.

Истражните органи наведуваат дека групата дејствувала организирано врз основа на радикална идеологија, а нивната наводна цел била организирање одмазда за лица кои претходно биле осудени за терористички активности.

Дополнително, истрагата открила дека групата преземала активности за прибирање парични средства од земјата и странство, кои наводно биле наменети за финансирање радикална пропаганда и дополнително вооружување.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img