9.8 C
Skopje
6 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаРекорден број дарители на крв во 2025 – отворен реновираниот трансфузиолошки оддел...

Рекорден број дарители на крв во 2025 – отворен реновираниот трансфузиолошки оддел во Тетово

- Advertisement -spot_img

2025 година забележа рекорден број на дарители на крв во Македонија, вкупно 60.222. За да се обезбедат подобри услови, како на просториите така и на опремата, беше реновиран трансфузиолошкиот оддел во Тетово.

„Реновирањето на овој објект започна во 2024 година и сега е завршен и официјално го отвораме трансфузиолошкиот центар. Тоа е еден од поголемите центри на ниво на државата, бидејќи единицата за трансфузија има четири центри – во Битола, Штип, Тетово и центарот во Скопје, каде што се пружа амбулантска услуга, се собира крв и се обработува во центарот во Тетово. Минатата година беше година во која достигнавме рекорд во бројот на дарители на крв – 60.222 дарители во Република Северна Македонија“, изјави Амир Елези, директор на Институтот за трансфузија.

Министерот за здравство, Азир Алиу, рече дека покрај модерните простории, се користи и напредна технологија, а очекува наскоро да се распише конкурс за вработување, за центарот да ги пополни недостаците во кадарот.

„Денес сме тука да ги иногурираме просториите во трансфузијата, кои се модерни како физички така и технолошки. Со оглед на потребите што ги имаме во Тетово, ова е регионален центар кој пружа услуги за овој дел од државата. Се надеваме дека наскоро ќе се отвори и процедурата за вработување на лекари и медицински сестри, со цел да имаме и човечки капацитети согласно потребите во Тетово“, изјави Азир Алиу, министер за здравство.

Досега трансфузиолошкиот оддел се наоѓаше во хируршкиот објект на тетовската болница, додека во тие простории сега ќе се смести торакалната хирургија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img