Големата акција на МВР и огромната заплена на марихуана покажува дека се расчистува крупен криминал и проблем кој долго бил активен, а скриен во Македонија. Бидејки во него е вклучена и компанија која од 2023 година е регистрирана за одгледување и преработка на лековити растенија за фармацевтска употреба, сега јавноста очекува да се расчисти и кој издал лиценца за работа на фирмата, но и на другите кои имаат таква дејност.
За отворање на таква компанија е потребно неколку државни институции да направиле поголема проверка за да издадат дозвола. Околу 60 компании во Македонија добиле лиценца за одгледување канабис за медицински цели откако ова беше дозволено со закон во 2017 година.
Уште во тој период ВМРО-ДПМНЕ како опозиција опоменуваше дека лиценци се даваат на избрани лица, а и дека имаат индиции оти за добивање лиценца се наплаќало од 300.000 до 500.000 евра. Во српски весници тогаш пишуваше и дека такви лиценци се дадени и на државјани на Србија кои се од тамошното подземје.
Сега е време сето тоа да се расчисти.
Инаку, за одгледување на марихуана во медицински и научни цели фирмите прво треба да добијат лиценца од Министерството за здравство, по претходна согласност од Владата.









