домаМакедонијаГрција, Албанија, Црна Гора – што би било најдобар избор?

Грција, Албанија, Црна Гора – што би било најдобар избор?

- Advertisement -spot_img

Дел од македонските граѓани купуваат имоти на море, најчесто во Грција и во Албанија. Од агенциите за недвижности велат дека овие две дестинации се најпогодни за луѓето кои сакаат да вложат во имот на море. Објаснуваат дека Грција е барана дестинација со изграден имиџ, а времето на Албанија допрва доаѓа и таму во иднина ќе се случува туристички бум. Црна Гора е поскапа, додека Хрватска е екстремно скапа за нашите граѓани.

„Генерално нашите купуваат имоти во Грција и во Албанија. Албанија е во развој, цените до пред некое време беа прифатливи, има интересни ресорти и затоа нашите се фокусираат на таа страна, а Грција секогаш е интересна дестинација. Црна Гора е дефинитивно поскапа. Хрватска е неприфатлива за нашите стандарди, таа е убава, интересна, но многу скапа и само најбогатите можат да си дозволат да купат имоти таму. Ако се одлучат таму да си купат, тоа се имоти за нив лично, за уживање, а во соседството нашите инвестираат, и тие имоти се за издавање. Тие што инвестираа во Албанија пред 2-3 години, вредноста на имотите сега се зголеми за 300 отсто. Апсолутно тоа е паметна одлука. Дури и да сака да го продаде имотот е во добивка, затоа што за квадрат платиле 1.500 евра, а сега чини 4.000 евра“, објаснуваат од скопска агенција за недвижности.

Според информациите кои се достапни на интернет, квадрат во Албанија може да се најде за 2.000 евра. Во Грција има недвижности по цена од 2.100, 3.000 или 4.000 евра за метар квадратен. Во атрактивните хрватски градови, цените за квадрат изнесуваат по неколку илјади евра. Во Црна Гора цените можат да изнесуваат од 2.700 евра по квадрат па до 5.000 евра.

„Зависи од повеќе фактори, кој што сака, дали имот за себе за одмор или за издавање. Бока Которска е убава, има што да се види, мирно е, тивко е, нема гужви, нема кражби, плажите се чисти и има културно – историско наследство. Херцег – Нови е убав, ама таму е најубаво во пролет и во есен. За издавање најдобро е да се купи имот во Будва, но цените се високи, а може добро да се помине со издавање. И во Котор може, но тоа е место за историски туризам. Сутоморе пак е место за скромен одмор“, вели Миле Милошески, кој поседува имот близу Херцег Нови.

Во соседна Бугарија, на море се наоѓаат и имоти за цена од 2.000 евра за квадрат. Сепак, за оваа дестинација македонските граѓани не покажале некој особен интерес.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img