домаМакедонијаГо положи ли Безбеден град првиот тест и дали конечно системот ќе...

Го положи ли Безбеден град првиот тест и дали конечно системот ќе важи за сите

- Advertisement -spot_img

Генералот Стојанче Ангелов, актуелен директор на ДЗС, во ланските пожари кои беа подменатни на скопските депонии предупреди дека проблемот не може да го реши со полициска интервенција и апсење на луѓето кои таму живеаат и функционираат на диво, бидејќи сите невладини организации и борци за човекови права ќе скокнат во нивна одбрана.Тешко е да се говори за овој проблем, без да се загази во дискриминација, бидејќи емотивните реакции на социјалните мрежи и во јавноста може да ги стават сите поединци во ист кош и да создадат нереална слика за една цела етничка заедница, но мора едно нешто јасно да се разјасни.

Палењето гуми и смет во знак на протест и заканите со убиства врз полицијата не се основно човеково право. Едно е да се искаже незадоволството преку протести и блокади, друго е да се нарушува законот и да се бара заштита во етничката припадност.

Примената на системот Безбеден град од Министерството за внатрешни работи беше најавувана со месеци, од кои дел поминаа и со тест фаза во која на возачите им стигнуваа опомени за сторените сообраќајни прекршоци.

Проектот Безбеден град не е совршен, многумина јавно го критикуваа, а дел од партиите не го ни поддржаа во Собранието. Истиот може значително да се подобри и усоврши, и да се размислува за соодносот на казните и правичноста како и да се разговара за сообраќајната инфраструктура, едукацијата на возачите, и уште многу други аспекти кои не се докрај уредени. Но, штом еден закон стапи на сила тој треба да важи или за сите или за никој.

На сите медиуми постојано се информираше населението дека системот ќе „лови“ прекумерна брзина, поминување на црвено светло на семафор, како и возење без регистрација на возилото, а ќе се казнува и непоседувањето возачка дозвола.

Одеднаш, речиси истите невладини организации и борци за човекови права се јавија во хор за „дискриминацијата врз Ромите“, затоа што еден од условите да се полага возачки испит, покрај останите критериуми, е и завршено барем основно образование како показател за елементарно ниво на писменост.

Основното и средното образование се задолжителни во Република Македонија. Причината поради која се бара диплома само од основното образование е затоа што и малолетно лице може да почне со обуката за управување со моторно возило, на пример на 17 години, а да полага за возачки испит со завршена теоретска и практична обука, кога ќе наврши 18 години и додека се уште е четврта година во средно образование.

Дел од овие борци за правда покажуваа европски директиви за тоа како велелепната европска цивилизација го третира прашањето на основни услови за полагање возачки испит. Но, истите тие борци треба да споделат и видеа од неодамнешните протести низ повеќе европски градови и начинот на кој полицијата во Германија, Англија, Италија, Франција, Белгија, Холандија и така натаму ги третираат демонстрантите. Не дека некој посакува таков вид на полициска интервенција, туку ако веќе ги спроведуваме сите европски вредности да бидеме доследни докрај.

Во изминатите три децении во Македонија влегоа десетици милиони евра за еманципација на ромското население, се спроведоа стотици проекти за едукација, поголема социјална, економска и здравствена заштита, поголема застапеност во локалните и државните органи. Дали тие пари некогаш биле насочени и кон овој суштински проблем, каде дел од ромското население воопшто не поседува возачка дозвола и никогаш не полагало возачки испит, под изговорот дека биле „неписмени“.

Плукањето врз државата, заканите врз органите на редот и мирот, организирањето блокади и палењето смет можеби треба да се насочат и кон организациите за заштита на правата на Ромите и на политичките лидери на ромското население. Дел од тие организации за да го оправдаат своето постоење пред странските донатори на пари секогаш ќе ги оправдуваат овие изблици на нелогични барања. Зошто тие со месеци не реагирале соодветно во критичните места каде е присутен овој суштински проблем?

Денес управувањето моторно возило не е никаков луксуз туку потреба и никој не треба да биде системски спречен, но мора да се мисли и на заштита на останатите учесници во сообраќајот кои платиле стотици евра за обука, плаќале и по неколку паднати испити на полагање за градска, редовно ги регистрираат и осигуруваат своите возила и сакаат да бидат дел од системот кој сите ќе ги третира еднакво.

Без исклучоци, без самопрогласување за жртви, без криење позади етничката или друга идентитетска припадност и без загрозување на правата на останатите членови на општеството.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img