домаМакедонијаРевизија за СОЗР: Спорни вработувања, лошо управување со имот, бифеа без фискални...

Ревизија за СОЗР: Спорни вработувања, лошо управување со имот, бифеа без фискални сметки

- Advertisement -spot_img

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во работењето на Службата за општи и заеднички работи на Владата за 2024 година.

Во извештајот на ревизорите пишува дека од извршените услуги во рестораните и бифеата со кои управува службата биле остварени приходи наплатени во готово во милионски суми, но уплатениот дневен пазар во одредени периоди од годината бил со значително низок износ.

Ревизорот констатирал и дека паричните средства од дневниот пазар не се уплаќаат редовно на сметката на службата, односно уплатата во корист на трезорската сметка на службата се врши со задоцнување од неколку месеци, а исто така има и уплати на дневен пазар кој потекнува од 2023 година.

Надлежните лица во службата образложиле дека им се расипал апаратот па не издавале фискални сметки за трошењето во бифеата. Во извештајот стои и дека во последните три тендери за набавка на автомобили учествувал само еден понудувач.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img