Како и што најави на прес конференцијата пред големиот концерт „Дојди ми на романтика“ закажан за 14 февруари Владо Јаневски објави нова песна
Неговото последно дело е „Принчипеса“ кое можевте да го слушате секој час на Радио Бубамра, а сега и на Ју тјуб.
Коментарите под видеото се едногласни – нова балада, нов евергин, нова песна која ќе остане. Всушност, како и секоја песна која Владо Јаневски ја пишува од душа.
На оние кои ја преслушале песната и го виделе видеото ообено им се допаѓа што додека ја слушаат мелодијата можат да го читаат и текстот.
А, за такестовите на Владо Јаневски нема потреба да се зборува – длабоки се и погодуваат директно во срце.
Г.О.








