5.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаТрендафилов: Егото на еден претставник на Владата е причина за незголемување на...

Трендафилов: Егото на еден претставник на Владата е причина за незголемување на работничките плати

- Advertisement -spot_img

Откако министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, одговарајќи на новинарско прашање, изјави дека со моделот работодавачите да го покријат нето-зголемувањето на платите, а државата привремено да ги покрие придонесите, ниту Владата ниту буџетот не би изгубиле ништо, но упати дека за ова прашање треба да се разговара во Владата и во надлежното Министерство за економија и труд, со реакција излезе претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов.

Трендафилов оцени дека токму ваквиот однос и „егото на еден претставник на Владата“ се главната причина поради која не дошло до зголемување на работничките плати.

„Минатата година работодавачите беа подготвени да ги зголемат платите на работниците за најмалку 6.000 денари, доколку Владата времено се откажеше од придонесите. Но, поединци во Владата сметаа дека тоа не смее да се дозволи“, напиша Трендафилов.

Тој додава дека ваквиот пристап, според него, води кон дополнително осиромашување на работниците и државата.
„Веројатно за да станат Влада која води најсиромашни работници и Влада која води најсиромашна држава во Европа“, наведува Трендафилов.

Според претседателот на ССМ, доколку лани не се „терал инат“ и се олеснел притисокот врз работодавачите во делот на придонесите, денеска работниците веќе ќе имале повисоки плати.
„Денеска работниците ќе имаа за 6.000 денари повисоки плати, а по истекот на временскиот период за кој работодавачите бараа олеснување, ќе започнеше уплатата на придонесите за така зголемените плати“, наведува тој.

Трендафилов посочува дека тоа би значело и значителен приход за државниот буџет.
„На месечно ниво ќе се слеваа над 10 милиони евра во буџетот, а на годишно ниво над 120 милиони евра. Но, очигледно некој во Владата мисли дека е подобро да се задолжува и да зема кредити кои ќе ги исплаќаат следните поколенија“, пишува Трендафилов.

Во објавата, тој ги повикува работодавачите да застанат заедно со работниците и да извршат притисок врз Владата да застане и на страната на бизнисот и на работниците.

„Бизнисот и работниците одлучуваат кој ќе ја води државата, а ако тие што се избрани не работат во нивен интерес, лесно ќе бидат заменети“, наведува претседателот на ССМ.

Трендафилов предупредува дека доколку нема промена во ставот на Владата, синдикатите ќе преминат на следните чекори.
„Доколку не, заедно со работниците преминуваме на следните фази – блокади, протести и генерален штрајк, за што последиците и одговорноста ќе ги имаат исклучиво тие“, порача тој.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img