6.8 C
Skopje
3 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПоранешен млин користен за нелегално копање биткоини, приклучен на трафостаница

Поранешен млин користен за нелегално копање биткоини, приклучен на трафостаница

- Advertisement -spot_img

Со наод на овластено вешто лице и по извршено пребарување во деловен објект, утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница, информираат од Електродистрибуција.

Како што соопштуваат од компанијата, тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија, поради основано сомневање за кражба, побарал асистенција од Министерството за внатрешни работи и ангажирање вешто лице. Пребарувањето било спроведено во деловен објект на улицата „Бутелска“ во Скопје.

При контролата било констатирано противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли директно во трафостаница која е во сопственост на Електродистрибуција. Објектот, поранешен млин, бил користен за неовластено снабдување со електрична енергија на системи со графички картички за копање биткоини.

По утврдувањето на состојбата, направен е записник за неовластено користење на електрична енергија, изготвен е наод и мислење од овластено вешто лице, а до МВР е поднесена пријава за неовластено преземање на електрична енергија, согласно член 235-а од Кривичниот законик.

Дополнително, изготвена е фактура за надомест на штета во износ од 16 милиони денари.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img