Вчера во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода 24-годишниот М.К. и 18-годишниот Ј.С., двајцата од Куманово.
При претрес во домот кај М.К., извршен по судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. По преземени дополнителни мерки било утврдено дека заеднички ја поседувале и препродавале дрогата.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.









