2.8 C
Skopje
2 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeСпортХристијан Бузалковски со нов европски медал во брзинскиот моторциклизам

Христијан Бузалковски со нов европски медал во брзинскиот моторциклизам

- Advertisement -spot_img

Моторциклистот Христијан Бузалковски освои втор бронзен медал на престижниот ФИМ Европски шампионат во брзински моторциклизам.

Свеченото доделување на наградите се одржа во Верона, Италија, каде што најдобрите европски моторциклисти ги примија признанијата и пехарите за остварените резултати во сезоната 2025.

„Изминатата година конкуренцијата беше на значително повисоко ниво, па борбата за првите три места беше исклучително неизвесна и се одлучуваше во стотинки. Затоа сум многу среќен што повторно медалот и пехарот доаѓаат во нашата земја, како доказ дека трудот секогаш се исплати. Пред мене е тешка мисија да го подобрам овој успех во сезоната 2026, но како и досега, секогаш се стремам кон уште подобри резултати”, изјави Бузалковски.

Сезоната 2025 се вбројува меѓу најуспешните во неговата кариера, но и во историјата на македонскиот моторциклизам. Со повторување на резултатот од 2023 година, учество и успешно завршување на ФИМ Светскиот ендуранс шампионат на легендарната патека Ле Ман, како и освојување на вицешампионската титула во БМУ Европскиот шампионат во професионалната класа СТК1000, со пет победи од осум настапи, тој уште еднаш докажа дека епитетот најуспешен македонски моторциклист е целосно заслужен.

Дополнително признание за неговите резултати пристигна и на домашен терен, каде на манифестацијата „Спортист на годината”, во организација на Општина Кисела Вода, Бузалковски беше прогласен за најдобар спортист во машка категорија на Општината.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img