10.8 C
Skopje
31 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeЕкономијаИндустриското производство со раст од 2.3 % во декември

Индустриското производство со раст од 2.3 % во декември

- Advertisement -spot_img

Индустриското производство во декември 2025 година е зголемено за 2.3 % во однос на декември 2024 година, објави Државниот завод за статистика.

Во секторот Рударство и вадење на камен во декември индустриското производство

2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи опаѓање од 6.6 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4.5 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.9 %.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели:

– Производство на прехранбени производи,
– Производство на пијалаци,
– Производство на производи од гума и производи од пластични маси,
– Производство на други неметални минерални производи,
– Производство на моторни возила, приколки и полуприколки и
– Производство на мебел.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 9.8 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 3.9 %, Капитални производи за 0.8 % и Трајни производи за широка потрошувачка за 3.8 %.

Индустриското производство во периодот јануари – декември 2025 година, во однос на периодот јануари – декември 2024 година, е зголемено за 1.9 %.

Најголемо влијание врз порастот на индустриското производство во декември 2025 година, во однос на декември 2024 година, има зголемувањето на производството во одделите:

• Производство на прехранбени производи со 3.5 %
• Производство на пијалаци со 34.2 %
• Производство на моторни возила, приколки и полуприколки со 3.5 %

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img