Доколку навистина парите најдени кај родителите на судијата Ѓоко Ристов се од продажба, тоа многу лесно се докажува, изјави во 24 Анализа адвокатот Јанаки Митровски.
„Значи се знае редот – договор, нотар, трансакција, извештај од банка. Ако навистина парите се од продажба, тогаш многу лесно ќе се докаже. Но, што доколку ги немаат овие документи? Особено ако истрагата покаже дека има огромен имот судијата. И да го цитирам премиерот, иако тоа ретко го правам, многу неконвенционален начин на чување пари од продажба на имот“ – вели Митровски.
Според него, и новите измени на КЗ се само уште еден договор за неказнивост меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.









