Не може да одговара само апелацискиот судија Ѓоко Ристов, што е со Судечкиот совет, порача независниот експерт Ивана Петковска. Според неа, не може да одговара само Ристов.
„Во апелација еден човек, еден глас. Значи, Ристов може да одговара само за себе, но да видиме дали ќе се прошири истрагата и за Судечкиот совет?!“ – вели Петковска.
Таа додава дека Обвинителството за организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) мора да презентира докази и за дел од полицајците за кои е запрена истрагата за „Пулс“. Петковска исто така оцени дека измените на Кривичниот законик се полоши од тие во 2023 година, особено во делот на јавните набавки:
„Со новите измени се амнестираат функционерите од одговорност во јавните набавки и апсолутно се создава простор за законска неказнивост. Спорен е и делот за конфискацијата и поблагите казни за злоупотреба на службената должност. Така што, овие измени според мене се полоши од оние во 2023 година“ – изјави Петковска.









