Второлигашите продолжуваат со активности на трансфер пазарот, а со тоа и промоција на нови засилување. Скопје е посилен со искусниот Дарко Глишиќ кој пристига како големо засилување во тимот од Автокоманда во борбата за влез на „пиратите“ во Прва лига.
Глишиќ е повратник во тимот на Скопје, откако и во минатото беше дел од овој тим, кој доаѓа од редовите на прволигашот Македонија ЃП.
Во својата кариера во македонскиот фудбал беше дел од Вардар, Скопје, кичевски Напредок, Тетекс, Шкупи и Гостивар, а пак меѓународна кариера градеше во Босна и Херцеговина, Грузија, Бугарија и Кипар.
Скопје презимува на петтото место на табелата со 29 бодови, седум помалку од лидерот Охрид, а во пролетниот дел ќе се бори да стигне до позициите кои водат кон Прва лига.
Беласица промовираше ново засилување – Метин Ќерими е нов играч на струмичкиот второлигаш. 23-годишникот во Беласица доаѓа од редовите на второлигашот Вардар Неготино, а низ неговата кариера настапуваше за повеќе екипи меѓу кои Победа, Шкендија Арачиново, БВК Коњаре, Братство Житоше, Воска Спорт, Братство Влазними и за тимот на Скопје.
Беласица ќе биде во измнет лик по серијата заминувања, клубот претстави неколку нови имиња за пролетниот дел од сезоната, кој ќе започне во 21 февруари.
Александар Ванев, М-Нет









