Превозниците не отстапуваат. Трет ден ги блокираат граничните премини, барајќи да се тргне правилото за органичен престој во земјите од Шенген зоната.
Во регионот веќе се чустуваат последиците. Залихите на нафтени деривати во Црна Гора се при крај алармираат тамошните власти не исклучувајќи ситуација на недостаток од горива, ако блокадите продолжат подолго време.
Кај нас досега нема најави за недостиг на нафтени деривати, опрема, прехрамбени артикли или репроматеријали, зашто од Макам Транс велат дека навреме ги известиле клучните инстанци за должината на блокадите.
Од Сојузот на стопанската комора, велат дека засега ситуацијата е под контрола. Се работи за краток период, но ако продолжат блокадите меѓу најпогодените ќе бидат индустриските зони.
Од ТИРЗ само кусо не информираа дека сите компании во зоните се навреме информирани за блокадите, а деновите никоја од нив не се пожалила на застој во работата.
Од Министерството за енергетика пак ТВ 24 ,велат дека нема недостиг на деривати.
Министерство за енергетика
– Нашите информации говорат дека деривати има во доволен број. Ако продолжат блокадите и се јави недостиг на гориво може да се пристапи на разговори со нафтените компании да ги користат државните резерви на нафта, но се надеваме дека нема да дојде до таква состојба и проблемот со превозниците ќе биде решен.
Дел од медиумите од регионот, пишуваат дека утре Еврпската унија ќе го отвори прашањето за долгорочен престој во Шенген зоната.
Српски Бизнис блиц објави дека во работен документ на Европската комисија за развој на нова визна стратегија на ЕУ, а во кој имале увид, се планира да се започне стратешка дискусија за исклучоци од правилото 90/180.
Бизнис блиц
„Во документот се наведува дека е потребно да се разгледа престој во Шенген зоната подолго од вкупно 90 дена, под услов да не се надминат 90 дена во поединечна земја-членка, односно да се направи исклучок, објави Бизнис блиц
Од Европската комисија официјално на првиот ден од блокадите посочија дека прашањето со превозниците ќе се разгледува во рамки на новата визна стратегија, но без детали дали се предвидува суспензија или одложување на системот.









