Антикорупцискиот тим на СДСМ објави дека фирмата „Пирамид билдинг солушнс”, добила дури 51 тендер во вредност од 16 милиони евра од општините на ВМРО.
„Тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми, кои добиваат милионски договори од институции под контрола на власта, истакна Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.
Тој додава дека оваа пирамидална мрежа на тендери и фирми води директно до високи функционери на власта и дека во ВМРО- ДПМНЕ секој функционер или негов роднина има фирма и како што покажуваат имаат и тендери.









