7.8 C
Skopje
30 January, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeМакедонијаПо 8.000 денари за секое новороденче во Ѓорче Петров

По 8.000 денари за секое новороденче во Ѓорче Петров

- Advertisement -spot_img

Од оваа година, Општина Ѓорче Петров ќе доделува по 8.000 денари, еднократна финансиска поддршка за секое новородено дете, конкретна помош во најубавите, но и најодговорни моменти за секое семејство.

– Ова не е само финансиска мерка, туку јасна порака дека семејството, децата и иднината се нашиот приоритет, но и порака за посветеност кон семејството, децата и кон демографскиот развој, како и континуирана грижа за младите брачни парови кои ја градат својата иднина во Ѓорче Петров. Инвестираме во животот од самиот почеток. Продолжуваме со политики што носат сигурност, грижа и поддршка – таму каде што е најважно – велат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, истакна дека оваа одлука е дел од пошироката визија за зајакнување на семејството како темел на локалната заедница.

– Секое новородено дете е нов почеток, надеж и наша заедничка одговорност. Со оваа зголемена финансиска поддршка испраќаме јасна порака дека стоиме зад младите семејства и дека инвестираме во животот од самиот почеток. Грижата за децата не е трошок, туку највредната инвестиција во иднината на нашата општина – изјави Стојкоски.

Тој додаде дека финансиската поддршка од 8.000 денари претставува директна помош за родителите, но и симбол на општинска политика насочена кон создавање сигурна, стабилна и охрабрувачка средина за раст, развој и достоинствено детство.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img