Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Поради појава на магла намалена видливост од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово–Попова Шапка, од 50 до 100 метри на патниот правец Делчево–Пехчево, од 100 до 150 метри на патниот правец Куманово–Крива Паланка и на планинските превои Ѓавато и Пресека, а видливост до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.
Како што информира АМСМ, сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
Оттаму покрај внимателно и совесно управување со возилата препорачуваат задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци. Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.









