Во текот на денешниот ден, на планината Плачковица беше реализирана заедничка акција на ЈП „Македонски шуми“, Шумската полиција и ОВР Радовиш, при што на лице место беше фатена група дрвокрадци.
Станува збор за лица кои во изминатиот период предизвикале значителни штети на шумскиот фонд во овој дел од планината.
При акцијата беа одземени две моторни возила со кои се вршел превоз на нелегално исечени дрвни сортименти, една моторна пила, како и друга опрема користена за бесправна сеча.
Надлежните најавуваат дека контролите и акциите продолжуваат низ целата држава, со цел целосно сузбивање на нелегалната сеча.
Поради интересите на истрагата, засега нема да се споделуваат дополнителни детали.
— Кире Михаилов
Најчитани
Stay Connected









