Согласно податоците кои се достапни на веб-страницата за јавни набавки, КПУ Идризово набавува храна за затворениците во вредност од 77 милиони денари. Се набавуваат месо, месни преработки, риба, овошје и зеленчук, јајца, зачини, млеко и млечни производи.
Овој договор е во времетраење од една година, а посебни договори се склучени за нафтени деривати, јаглен и вода за пиење.
За студентите пак, од страна на Државниот студентски дом Скопје се издвојуваат 22 милиони денари, исто така за прехранбени производи, оваа сума е за осум месеци.
Затворениците треба и мора да бидат згрижени, меѓутоа нивото на средства кое се издвојува за нешто над 2.400 затвореници, е трипати поголема од сумата која се издвојува за поголем број на студенти.
Претходно на социјалните мрежи студентите објавуваа фотографии од храна со мувла, мала количина на храна, нереновирани студентски домови, расипани лифтови, немање на греење.









